Државниот завод за ревизија излезе со исклучително негативен извештај за законитоста во работењето на Агенцијата за филм, а бидејќи оваа Агенција е во залог на една шака луѓе од ДФРМ, не знаеме дали да пишуваме за едните или за другите, бидејќи му доаѓа исто. Шега на страна, но факт е дека сите реакции и oфицијални […]
Отворањето на 67. Филмски фестивал на Кроазета во знакот на многу скандали, но и изненадувања, враќање на голема врата на Џони Деп, во фокусот Мајкл Даглас, а Франција со евидентни понатамошни чекори во вреднување на жените-режисери Наш специјален известувачШахла Нахид Ѕвоното на 67. Кански фестивал (16 до 27 мај), еден од најпознатите и најимпресивни филмски […]
Кон „Преекспонирано“, режија и сценарио: Елеонора Венинова, улоги: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов, фотографија: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, монтажа: Гоце Кралевски, Македонија/Србија 2022 Пишува: Сунчица Уневска Вистинската комуникација може да биде многу лесна и многу тешка, сè зависи што очекувате и колку навистина сте подготвени пред другите да се отворите. […]
Група филмски работници поднесе претставка преполна со докази за работата на Агенцијата за филм и нивната спрега со една шака луѓе во ДФРМ, за да посочи на сиот криминал, корупција, конфликт на интереси и акумулирање на моќ. Но, Славица Грковска, заменик претседател на Владата задолжена за политики на добро владеење, уште од 17 јануари не […]
Кон „Кајмак“, режија и сценарио: Милчо Манчевски, улоги: Камка Тоциновски, Симона Спировска, Филип Трајковиќ, Александар Микиќ, Сара Климоска, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, фотографија: Улрик Боел Бенцен, продукциски дизајн: Дејвид Манс, музика: Дениш стринг квартет, Македонија/Данска/Холандија/ Хрватска 2022 година
По 44. издание на Филмскиот фестивал од А категорија во Каиро, каде што имаше премиера македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, пристигна веста, објавена во „Ал Џезира“, дека 6 филма од официјалната програма, меѓу кои и нашиот, биле цензурирани
Филмот на Кристијан Ристески кој имаше светска премиера на 28. независен филмски фестивал „Слемденс“, европска премиера во Москва, а започна и неговата светска продажба, носи таква оригиналност и автентичност, остроумност и искреност, умешност и откаченост кои во нашата земја ги препозна публиката, но не и т.н. комисии правени со години од еден „центар“
На 10 и 11 ноември, во организација на здружението „Аквариус“, ќе се одржат работилници за пишување сценарио во Гевгелија и Богданци во рамките на новата платформа „МАТРИЦА“, кои ќе ги водат режисерките Лидија Мојсовска и Елеонора Венинова